Главни јадењаРецепти

Лосос со бадеми

Дефинитивно мојот најпосакуван вкус на лосос, одозгора крцкав од слојот бадеми, внатре сочен со прекрасна комбинација од миксот на вкусови од медот и сенфот. И што е најважно за мене, нема чистење коски додека се јаде риба, како десерт се конзумира.

Состојки:

  • 800-1000 гр. лосос (за четири порции)
  • 3 лажици сечкани/мелени бадеми
  • лук во прав
  • 2-3 лажици сенф
  • лажица мед
  • сол и бибер по вкус
  • сок од лимон

Подготовка:

Лососот се сече на долж и се чистат коските, потоа се сечат на долги парчиња околу 3 см. дебелина (толку парчиња колку ви е потребно), се редат парчињата во тава обложена со хартија за печење, со кожата долу.

Секое парче се тапка одозгора со хартија кујнски брисач, да се земе водата, потоа се става сол, бибер и лук во прав. Секое парче се премачкува  со тенок слој сенф, па врз него се става тенок слој мед. Откако е завршено со сите слоеви, врз медот, се прекриваат парчињата со сечканите бадеми, моите бадеми не беа солени па затоа одозгора им ставив морска сол. Вака подготвени се печат 15 минути во загреана рерна на 220Ц.

Се сервираат во комбинација со ориз, паста или салата марула / рукола,  секое парче се полева со лимонов сок.

Наздравје!

Next Article:

0 %