Десерт кој ги комбинира богатството на чоколадото, освежувачата арома на портокалот и крцкавоста на бадемите. Оваа трио е нешто што никој не може да одолее! Чоколадото носи длабок, неодолив вкус, портокалот додава светлина и свежина, а бадемите го заокружуваат сè со својот јаткаст вкус. Оваа комбинација е совршена за сите кои сакаат да се потсетат на магијата што ја создаваат природните состојки кога се спојат во совршен десерт.
Состојки:
За тестото:
- 250 гр. брашно
- 200 гр. шеќер
- 80 гр. какао
- 1 прашак за печиво
- 1/2 лажичка сода
- ванилин шеќер
- прстофат сол
- 2 јајца
- 250 мл. млеко (измешано со 1 лажица лимонов сок)
- кора од еден портокал
- 80 мл. масло
- 200 мл. врела вода
- 100 гр. чоколадни капки или исечкано чоколадо
- 100 гр. бадеми печени, сечкани
За чоколаден прелив:
- 100 мл. слатка павлака
- 100 гр. темно чоколадо
За прелив од портокал:
- Сок од еден портокал
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици нишесте
Подготовка:
- Почнете со тоа што ќе го измешате млекото со лимоновиот сок и ќе го оставите 10 минути да отстои. Ова ќе го направи млекото да се згусне и да има благ киселкаст вкус, совршено за тестото.
- Во посебна чинија, измешајте ги сите суви состојки: брашно, шеќер, какао, прашак за печиво, сода, ванилин шеќер и сол.
- Додадете ги јајцата, маслото и млекото во сувите состојки и започнете да матите со миксер додека не се соединат сите состојки. Потоа постепено додавајте ја врелата вода и продолжете со матење, за да добиете ретка смеса.
- На крај, додајте ги чоколадните капки и сечканите бадеми, па нежно измешајте.
- Истурете ја смесата во намастен калап за куглоф и ставете го во претходно загреана рерна на 180°Ц. Печете го 40 минути или додека не стане чврст и пријатно миризлив.
- Кога ќе го извадите од рерна, оставете го 10 минути да се олади, па потоа превтртете го калапот и внимателно извадете го куглофот.
- Чоколаден прелив: Во тенџере, загрејте ја слатката павлака додека не започне да врие. Додадете ја врелата павлака врз исечканото чоколадо и мешајте додека чоколадото не се стопи и не добиете мазен прелив.
- Прелијте го куглофот со чоколадниот прелив и оставете го да се олади. Кога ќе се олади, ќе бидете подготвени за преливот од портокал.
- Прелив од портокал: Во мало тенџере, измешајте процеден преку ситна цедалка, сок од портокал и шеќер, на средна температура со непрестано мешање додете го нишестето претходно измешано со малку вода. Мешајте додека не се згусне и се постигне кремаста текстура.
- Прелијте го на горниот дел и во средината (во длабнатината) кугловот со преливот од портокал, и оставете да се лади.
Совет: За уште побогат вкус, можете да го декорирате куглофот со наросување на сечкани бадеми врз преливот од портокал.
Овој куглоф е идеален за секој кој сака да ужива во меко, чоколадно задоволство, а со преливот од портокал ќе му додадете и дополнителна доза магија!