Слатки, сочни, миризливи, нема потреба од фил.
Потребни состојки за 12 мафини:
- 3 банани
- 3 јајца
- 90 грама браон шеќер
- 1/2 прашак за печиво
- 200 грама мелени овесни снегулки
- 100 грама мелени ореви
- 20 грама омекнат путер
- 3 лажици какао
- 100 грама чоколадни топчиња
Подготовка:
Се матат јајцата со шеќерот, потоа се додаваат изгмечени бананите и путерот. Кога се заедно е изматено се додаваат сувите сотојки претходно измешани, мелените овесни снегулки, прашакот за печиво, мелените ореви.ж и какаото. Во готовата смеса се тураат половина од чоколадните топчиња. Смесата се тура во модла за мафини во хартиени модли. Одозгора се додаваат преостанатите чоколадни топчиња. Се печат во загреана рерна на 220 степени 15 минути.
Наздравје!