ДесертиКолач / РолатРецепти

Панетоне – сладок леб

Неверојатен вкус од путерот и кората од портокал не очекува откако ќе го вкусиме првиот залак од шупливото, сунѓересто тесто, потоа се заокружува целиот вкус со вкусот од сувото грозје.
За подготовка на овој колач треба многу трпение и љубов, бидејќи процесот е долг.

Состојки:

Прв дел тесто:

  • 220 мл. млака вода
  • 15 гр. сув квасец
  • 280 гр. брашно

Втор дел тесто:

  • 225 гр. путер (собна температура) омекнат
  • 113 гр. мед
  • 100 гр. шеќер
  • лажичка сол
  • 2 јајца (собна температура)
  • 2 жолчки (собна температура)
  • ванила
  • 340 гр. брашно

 

  • 120 гр. суво грозје отстоено во рум
  • 50 гр. сушени брусници
  • лажица кора од портокал
  • жолчка за премачкување

Bobe’s bakery

Подготовка:

  1. Измешајте го квасецот во брашното, додадете ја водата и измешајте додека не се изедначи. Покријте го со памучна крпа и оставете да стаса еден час, потоа покријте го садот со капак или со еластична фолија и ставете го во фрижидер преку ноќ.
  2. Следниот ден, го вадите од фрижидер стасаното тесто и го оставате на собна температура најмалку еден час за да се стопли пред да започнете со подготовката.
  3. Во сад за матење, со перката за матење тесто, матете го омекнатиот путер, шеќерот и медот, додека матите додавајте ги јајцата, жолчките и ванилата. Потоа додајте го брашното измешано со сол и на крај додадете го тестото со квасец. Продолжете да матите уште 8 минути откако ќе се соедини целото тесто за да се развие глутенот, потоа додадете ги сувото грозје, брусницата и кората од портокал во тестото и продолжете со матење на тивко додека се сврзе се. Покријте го садот и оставете го тестото да нарасне 30 минути на собна температура.

    Bobe’s bakery

  4. Тестото е меко и лепливо, на намастена површина поделете го тестото на 4 топчиња и ставете го во хартии, ако користите панетоне хартии, или ставете го во голема правоаголна модла обложена со хартија. Повторно покријте го со памучна крпа и оставете го тестотот во хартиите 60 минути да стаса.
  5. Намачкајте ги врвовите на тестото со разматена жолчка и малку сол и наросете со шеќер, па ставете ги во загреана рерна на 200 Ц, да се печат најмалку 25 минути. Печењето ќе варира во зависност од големината на тестотот што го печете. Тестотот е печено кога убаво ќе зарумен одозгора. Откако убаво ќе се олади тестото се сече и се послужува.

На здравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

 

Next Article:

0 %