Слатко од зрели смокви со прекрасен мирис и густ, проѕирен шербет – едно од оние традиционални слатка што потсетуваат на лето и на домашната кујна.
Состојки:
- 2 кг смокви, излупени
- 1,5 кг шеќер
- 400 мл вода
- 1 лимон исецкан на листови
- 1 лажица сода бикарбона
- 2 литри вода
Подготовка: Смоквите излупете ги внимателно и ставете ги во 2 литри вода во која сте раствориле 1 лажица сода бикарбона. Оставете ги да отстојат 30 минути. Потоа убаво исплакнете ги смоквите со ладна вода и оставете ги да се исцедат. Во широка шерпа ставете го шеќерот и 400 мл вода. Варете додека да се растопи шеќерот и да се добие шербет. Додајте ги смоквите и варете на умерена температура околу 60 минути. Додајте ги листовите лимон и варете уште 30 минути за да пуштат убав мирис.
Тргнете го слаткото од шпорет и покријте го со влажна памучна крпа. Оставете го да се лади и да отстои 24 часа. Следниот ден наполнете го во чисти и стерилизирани тегли и добро затворете.
За да останат смоквите цели и убави, варете ги на умерена температура и не мешајте со лажица, туку само повремено протресете ја шерпата.
На здравје!











