МезињаПредјадењаСолени ролати

Рози од тиквички

Крцкави од презлата и полни со растопен кашкавал се овие ролнички. Вкусот од печена тиквичка надополнет со млечниот ајдемер и сето тоа пропратено со фамозниот шмек од запечена сланина ви дава перфекно уживање и сладење.

Состојки:

  • 2 тиквички
  • 200 гр. ајдемер
  • 50 гр. сланина
  • 2 јајца
  • 100гр. презла

Подготовка:

Тиквичките се сечат на тенки листови по должина и се посолуваат. Се зема лист од тиквичка врз него се става лист ајдемер и врз него сланина, се заедно се ролова да се формира роза и се боцка со чичкалица. Потоа секоја роза се става во изматените јајца, па се валка во презла и се боцка на стапче за ражничи. Се редат во тава и се печат 15 – 20 минути, во загреана рерна на 220Ц, да заруменат.

На следното видео може да го погледнете начинот на подготовка.

 

https://youtube.com/shorts/uUIWNh83T8M?si=Ma8lbLPKpy78CI2b

Next Article:

0 %