ДесертиТорти

Чоколадно срце

Оваа торта е совршена комбинација од чоколадо и малини. Сладоста и горчината на темното чоколадото, надополнета со киселкастиот ароматичен вкус на малините предизвикува вистинска експлозија од вкусови обвиткана со песокливата структура од мелените лешници и бисквити.

Потребни состојки:

  • 50 гр. путер – стопен
  • 100 гр. шеќер
  • 100 гр. шеќер во прав
  • ванилин шеќер
  • јајце
  • лажица какао
  • 150 гр мелени бисквити
  • 100 гр мелени лешници
  • 250 мл слатка павлака
  • 400 гр малини
  • 200 гр темно чоколадо.

Подготовка: Се мешаат мелените бисквити, мелените лешници и какаото. На оваа смеса се додаваат стопениот путер и шербет (50 гр.шеќер, 50мл. вода и ванила провриени 5 минути). Смеса се става во модла – срце, се формира подлогата и страниците на срцето, потоа се става во замрзнувач да се здрви подлогота околу 20 минути, додека се подготви кремот.

Чоколаден фил: Се топи темното чоколадо на пареа и се остава да се олади. Жолчката со 50 гр. шеќер се мати на пареа да згусне, кога ќе се олади  се додава на стопеното чоколадо. Белката се мати да се направи пена па постепено се додава шеќерот во прав додека се мати. Слатката павлака посебно се мати. На оладеното чоколадо и жолчката им се додава матената белка постепено, додека се меша со лажица, потоа се додава пола од  изматената слатката павлака постепено исто како белката и филот е готов. Се вади од замрзнувачот калапот и се вади од калапот бисквит тестото оформено во срце, се става во тањир за торта и се полни со чоколадниот фил.

Малина фил: За украсување се користи останата сматена слатка павлака на која и се додаваат изблендирани пола од малините. Слаткарски шприц се полни со филот и се украсува во форма на срцето, се остава во средината едно празно срце, во кое се пополнува со останатите малини. Одозгора се украсува по избор, со перли во боја или чоколадни топчиња.

На здравје.

Next Article:

0 %