ЗимницаРецепти

Домати (пелати) во тегла, без конзерванс

Најдобри домати за овој рецепт се пелатите. Најпознатите готвачи во светот ги сметаат за најдобри, за сите видови сосови за тестенини, бидејќи имаат малку семе и извонреден вкус.

Ако пелатите се помали, редете ги цели во теглите.
Се редат наизменично со босилокот кој не е исечкан туку само искинат. По секој ред домати, со дрвена лажица, притиснете ги доматите надолу, за да се израмнат и да се стават повеќе. Наполнете ја теглата до врвот, добро притиснете и затворете со капак.

Ставете ги добро затворените тегли во длабок сад со вода, на тивок оган да се загрее водата и да зоврие. Кога ќе почне да врие, потребни се 20 минути за пелатите да се сварат. По готвењето, оставете ги теглите во тенџерето да се изладат целосно. Чувајте на ладно место, не мора да се чуваат во фрижидер.

Начинот на подготовка можете да го погледнете во следново видео:

 

 

Next Article:

0 %