Вкусот и состојките потсетуваат на летната манџа но сепак не се исти. Шакшука станува многу популарен рецепт поради лесната подготовка и, впечатливот вкус. Постојат многу рецепти и варијации – јас ќе го споделам овој проверен рецепт, што, верувам, ќе ви се допадне.
Состојки:
- Кромид
- 800г. доматен сос
- црвена пиперка
- три лукчиња
- две лажици доматно пире
- лажица шеќер
- сол по желба
- бибер
- пет јајца
- магдонос
Подготовка:
Во тава на масло се пропржува кромидот, па се додава пиперката исечкана на коцки и лукчињата. Потоа се додава доматно пире и доматниот сос, шеќерот, солта, биберот, и се остава десетина минути да крчка и да се згусне.
Потоа со дрвена лажица се прават пет длабнатинки во доматниот сос, и во секоја се става јајце. Се поклопува со капак и се остава на оган уште десетина минути. Кога е готово, се тргнува од огнот. Пред да се послужи се додава сечкан магданос.
Наздравје!