Главни јадењаРецепти

Сарма во лист од лешник

Традиционален специјалитет за македонско поднебје е сарма. Најчесто се конзумира во зима и се подготвува со листови од кисела зелка. Во пролет сарма се подготвува со млади лозови листови и има одличен специфичен вкус од листовите. Јас овој пат подготвив пролетна сарма со млади листови од лешник. По вкус неможе да се направи разлика со сарма од лозови листови, скоро идентичен.

Состојки:

  • 80 млади лисје од лешник мали (40 ако се големи лисјето)
  • 300 грама мелено мисиркино месо
  • 100 грама ориз
  • главица кромид
  • морков
  • магдонос, нане, оригано, црн бибер, црвен пипер и сол

Подготовка:

Во зовриена вода се додава голема лажица сол и се ставаат лисјето да се варат 40 минути на средна температура.

На оган, во тава се тура масло за готвење, кога ќе се загрее се тура морковот исечкан на ситни коцки да се пропржи, па се додава кромидот. Потоа се додава месото и се пропржува уште 5-10 минути, се додаваат зачините по вкус и оризот, се меша се заедно да се сврзи и се трга од оган.

Моите лисја беа мали и користев по два за да завиткам една сарма, ги редев преклопени еден до друг. Завиткани сармите се редат во тенџере, па се полеваат со топла вода да се покријат и се ставаат во загреана рерна на 22о Ц со капак да се варат 40 минути, потоа се трга капакот се полеваат со бело вино и се оставаат да се потпечат уште 20 минути.

Се сервираат со кисело млеко.

Наздравје!

Next Article:

0 %