Руските капи се десерт кој е комбинација од чоколадни кори, кремаствсатенски  фил од бело чоколадо, кокос и темна чоколадна глазура. Секој залак нуди совршен баланс на вкусови и текстури, создавајќи неодолив слатки момент.

Состојки за крем:

·      1 л. Млеко

·      200 гр. Шеќер

·      2 ванили

·      160 гр. Нишесте

·      200 гр. Бело чоколадо

·      100 гр. Путер/ маргарин

Состојки за тесто:

·      6 јајца

·      300 гр. Шеќер

·      6 лажици врела вода

·      200 гр. Брашно

·      2 лажици какао

·      Прашак за печиво

 

·      150 гр. Кокос

 

·      150 гр. Темно чоколадо

 

·      50 мл. Слатка павлака

Подготовка: првин се подготвува филот.

Млекото заедно со шеќерот и ванилата се става во тенџере на оган да зоврие. Малку од млекото се остава настрана за да се измеша со нишестето. Кога ќе зоврие млекото се додава смесата, се намалува температурата и се меша додека се добие потребната густина. Филот се трга настрана му се додава белото чоколадо и путерот се меша додека да се стопат и се остава да се олади.

Тестото: Се матат жолчките со шеќерот. Откако шеќерот се растопи и се добие густа смеса се додава врелата вода. Се исклучува миксерот и во садот се додаваат сувите состојки претходно измешани (брашното, пецивото и какаото) и се меша со шпатула. На крај се додаваат изматените белки и се меша со шпатулата. Вака добиената смеса се става во плех(40х30) на хартија за печење и се пече 10 минути во загреана рерна на 200 Ц. Се остава кората да се излади, се вади хартијата а, потоа се сече со чашка со остра ивица. Добиените парчиња  се премачкуваат со филот и се лепат како сендвич. Колачето се премачкува со фил од страните и се валка во кокос да се обвитка со кокос.. Постапката се повторува со сите колачиња. Се добиваат околу 20 колачиња. Во тенџере се зоврива слатката павлака, се трга од оган и внатре се става темното чоколадо, се меша додека се растопи чоколадото.  Се преливаат со глазура од темното чоколадо.

Остатокот од тестото го мешам со остатокот од филот, формирам бомбици и ги валкам во кокос.

На здравје сладење!

 

More in:Колачи

Десерти

Пиварки

Представете си го следниот момент: топли, миризливи пиварки кои ќе ве изненадат со својот вкус. ...
Колачи

Обланди – посни

Со секој залак навлегувате во вкусните тајни на крцкавата повеќеслојна обланда исполнета со кремаст и ...

You may also like

Десерти

Куглоф

Десерт кој ги комбинира богатството на чоколадото, освежувачата арома на портокалот и крцкавоста на бадемите. ...
Мезиња

Пача

Пача е традиционално јадење кое се подготвува во зимскиот период, таа е вистински природен лек ...