Секогаш роло пицата ја подготвувам во целост со тестото, но ако немате време да месите, можете роло пиците да ги подготвите од готови тортиљи. Роло пиците многу се декоративни за сервирање, затоа за секоја прослава ги користам. Оладени ги сечам на кругчиња со дебелина од 2 см и ги редам на даска.
Тесто за 4 роло пици:
- 350 гр. брашно
- 150 мл. вода
- 20 мл. маслиново масло
- половина лажичка сол
- 10 гр свеж квасец
Подготовка:
Од наведените состојки се замесува меко тесто. Се формира топка, се покрива со памучна крпа и се остава да стаса 40 минути. Се размесува и се дели на четири еднакви дела. Повторно и се остава да се одмори тестото 20 минути.
Се зема првото топче и се размесува во кора со дијаметар до 30 цм. Се става во тава и се пече во загреана рерна на 250 Ц пет минути за потоа да се преврти и да се пече повторно пет минути. Да се внимава да не се препече – треба да е мека и да може да се витка. Потоа се става во чинија и се покрива со крпа. Истата постапка се повторува и со другите кори.
Фил:
- 4 лажици мајонез
- 200 грама кашкавал
- 120 грама шунка
- 80 грама кулен
- 120 грама печеница
- 100 грама маринирани печурки
- 2 лажици оригано
- Јајце за прмачкување
- 50 грама сусам
Основите за роло пица се премачкуваат првин со лажица мајонез, па се додава рендан кашкавал насекаде и се става ред шунката во средина, куленот во долниот ред и печеницата во горниот ред, а потоа врз нив се ставаат печурките и ориганото. Се преклопуваат левиот и десниот крај кон внатре и заедно се ролуваат. Кога се готови се редат во тава, се премачкуваат со јаце и се додава сусам. Се печат во загреана рерна на 250 степени 10 минути, да заруменат.
Наздравје!
На следново видео може да го погледнете начинот на подготовка: