Роло гира секогаш подготвувам со домашни тортиљи, но убави се и брзи за подготовка и со готови тортиљи.
Потребни состојки:
- 5 тортиљи (25-30 см)
- 5 лажици мајонез
- 5 мали лажици сенф
- 500 грама пилешки стек (исечкан на коцки мали, зачинет со сол и оригано, испржен)
- 250 грама ајдемер или моцарела (изрендан)
- домат поголем (исечкан на мали коцки)
- 5 кисели краставички (исечкани на тенки листови кругчиња)
- јајце сматено за премачкување
- оригано
Подготовка:
Секоја тортиља се премачкува со лажица мајонез, мала лажица сенф, па се додава 50 грама рендан кашкавал низ цела тортиља, врз него се ставаат домати и кисели краставички, па најгоре пилешкото. Се преклопуваат левиот и десниот крај кон внатре и заедно се ролова (може да видите подолу на видеото).
Кога се готови се редат во тава, се премачкуваат со јаце и горе се додава оригано. Се печат во загреана рерна на 250 степени 10 минути, да заруменат.
Наздравје!