Главни јадењаРецепти

Ролнички од модар патлиџан

Ролнички од модар патлиџан полнети со кремасто сирење сместени во богат сос од зрели домати, пиперки, ароматичен лук и свеж босилок. Секој залак носи експлозија од вкусови кои ќе ве одведат на медитеранско кулинарско патување.

Состојки:

  • 5 пиперки (исечкани на ситни коцки)
  • 5 домати (изрендани, без лушпи)
  • модар патлиџан поголем или два помали
  • 100 мл. доматно пире
  • две гранчиња свеж босилок
  • 400 гр. сирење кравјо (исечкано на правоаголници)
  • 3 лукчиња
  • лажица шеќер
  • сол и бибер


Подготовка:

Модриот патлиџан се сече на тенки ленти, потоа на загреана тава без масло, се потпекуваат од двете страни за да омекнат и се посолуваат.

На загреано масло на средна температура, во плитко тенџере се додаваат пиперките и се динстаат 5 минути да пуштат сокови, потоа се додаваат лукчињата, па доматите, доматното пире и шеќерот. Се зачинува со сол и бибер по вкус, се додаваат листовите босилок и се остава да крчка 5 минути.

На секој лист од модриот патлиџан на почетокот се става парче сирење и се витка како ролна. Сите ролнички се ставаат во тенџерето со сос и се оставааат на умерена температура 10-15 минути да се издинстаат а, сосот да згусне.

На здравје!

Next Article:

0 %