Ситно сечкана кисела зелка, како кадаиф, со димено свинско бутче, суви црвени пиперки и праз одлична комбинација.
Состојки:
- Главица кисела зелка голема
- 700 гр. димен свински бут
- праз
- два кромиди
- две суви црвени пиперки
- 100 мл. Масло за готвење
- 4-5 ловорови листови
- две лажици црвен пипер
- сол и бибер
Подготовка: киселата зелка се сечка на тенки ленти, празот и кромидот на мали коцки, месото на поголеми коцки и сувите пиперки на ленти.
Во тавата што ќе се пече јадењето се тура маслото за јадење и се става на оган на средна температура. Кога ќе се загрее маслото се тура кромидот и празот, се пржат на средна температура да омекнат, па се додава сувите пиперки и ловоровиот лист. Се додава црвен пипер, малку сол и бибер по вкус. Потоа се додава месото и се пржи десетина минути.
Кога е запржено месото се додава киселата зелка се меша се заедно да се соедини, се додава 150-200 мл. вода, се покрива со капак или алуминиумска фолија и се става во загреана рерна на 220Ц да крчка еден час, потоа се трга капакот/ фолијата и да се пече уште 20-30 минути да испари течноста и горе да се запече.
Наздравје!