Откријте го начинот на подготовка на ова автентично јадење и уживајте во неговиот неодолив вкус. Секој залак ќе ви донесе магичен вкус и топлина на вашата трпеза. Уживајте во вкусните и ароматични питулици.
Состојки тесто:
- 600 гр. брашно,
- вода по потреба,
- лажица сол,
- 50 мл масло.
Фил:
- главица лук,
- лажичка сол,
- 100 мл. масло,
- 150 мл. врела вода,
- 200 гр. ореви.
Подготовка: Во длабок сад се прави каша од брашно, сол, масло и вода по потреба, кашата да биде течна и густа. Се пржат по една, во загреано тавче, премачкано со масло се тура од смесата колку да се покрие цело тавче, кога ќе се запече од едната страна и ќе се одвои од тавчето се врти да се пече и од другата страната. Потоа се редат во тањир една врз друга. Потребни се 25-30 питулици.
Прелив: Во аван се толчи лукчето со сол и се прелива со врела вода се меша па се додава маслото.
Во длабока тава намастена се реди питулица, се мачка со подготвениот прелив од лук, вода и масло и се посипува со толчени ореви, се повторува постапката се додека не завршат питулиците, редењето завршува со питулица. Се сече на осминки и се прелива со останатиот прелив, се покрива одозгора со алуминиумска фолија и се пече 30 минути, во загреана рерна на 220Ц, потоа се трга фолијата и се пече уште 10 минути додека зарумени.
Овој рецепт ќе ви донесе автентичен вкус од традиционалните питулици, на вашата трпеза.