Јадење што ја спојува традицијата со мирисот на домот
Во секоја кујна постои рецепт што го буди чувството на топлина и семејна атмосфера. Печениот крап, со својот богат вкус, е токму такво јадење – едноставно, но впечатливо.
Потребни состојки:
- 1 праз
- 1 црвена и 1 зелена пиперка
- 2–3 чешниња лук (ситно исечкани)
- 3 ловорови листови
- 3 моркови
- околу 15- 20 млади компири
- морска сол и црн бибер
- котлети од крап
- сол, црвен пипер и рузмарин (за рибата)
- 150 мл бело вино
- 150 мл доматен сос
Начин на подготовка:
На подмачкана тава рамномерно ги распоредуваме празот, пиперките, лукот, ловоровиот лист, морковите и младите компири. Посолуваме со морска сол и бибер. Котлетите од крап ги зачинувачуваме со сол, црвен пипер и рузмарин, па ги редиме врз подготвениот зеленчук. Се полева со белото вино и доматниот сос.
Тавата се покрива со алуминиумска фолија и се пече 30 минути на 220°C. Потоа фолијата се отстранува и јадењето се допекува уште 10–15 минути, додека рибата не добие убава, златна боја.
На здравје!











