Намази

Пилешка паштета

Сакам намази, брзо се подготвуваат и супер се комбинираат со брускети, со потпечени лепчиња или со кифлички, затоа ја ставам базичната рецепта на блогот. Овој намаз дефинитивно ќе го подготвувате често, многу е вкусен, а може да му додавате и други состојки за да е декоративен, на пр. цвекло за да има убава розова боја или авокадо да има зелена пролетна боја, со што вашата трпеза и ќе ви донесете насмевки Вам или на вашите гости.

Потребни состојки:

  • свежо пиле до 1300 гр.
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажица сенф
  • лажичка сол
  • бибер по вкус
  • 100 мл. течност што е варено пилето
  • 3 дафинови листа

Начин на подготовка:

Во тенџере се става пилето се полни со вода и се става да се вари, кога ќе зоврие првата вода се истура, потоа полниме нова чиста вода се додаваат дафиновите листови и се остава да вари додека да се одвои месото од коските.

Кога е сварено и оладено пилето, се чисти месото од коските и кожата и се става во блендер, му се додаваа течност од варењето, мајонезот, сенфот, солта и биберот. Се заедно се блендира. Се чува во фрижидер.

Наздравје!

 

Next Article:

0 %