Пастрмајлии

Пастрмајлии – Хачапури микс

Денеска направив варијанта од микс на Македонска и Грузиска кујна. Од македонската пастрмајлија го земав тестото и месото, а формата и витките ги полнев со кашкавал како грузиски хачапури. Јас ги правев со свинско месо, но може да се подготват и со други меса по желба.

Bobe’s bakery

За тестото за четири пастрмајлии/хачапури потребни се следниве состојки:

  • 600 гр. Брашно,
  • 250 мл. Вода млака,
  • мала лажица шеќер,
  • две големи лажици маслиново масло,
  • две мали лажички сол,
  • половина пакување квасец.

Други состојки:

  • 600 грама месо сечкано на коцки ( претходно маринирано со сол, црвен пипер и масло),
  • 400 грама рендан ајдемер,
  • 4 јајца.

Bobe’s bakery

Начин на подготовка:

Се мешаат квасецот, 50 мл. млака вода, лажица брашно и шеќерот, се оставаат квасецот да се активира. Потоа во брашно се додава квасецот, како и  маслиново масло, сол и се замесува меко тесто. Кога убаво ќе се измести тестотот се покрива со крпа и се остава 15 минути да стаса. Се дели на четири еднакви дела, за од нив да се направат топчиња кои се оставаат еден час, покриени со растеглива фолија, за да стасаат и  да се зголемат. На набрашнета површина се става едно топче тесто, без да се премесува. Со сукало се развива кора во правоаголна форма. Потоа на двата краја се става ¼ рендан ајдемер, се затвараат краевите за ајдемерот да остане внатре во витката, на крајот се спојуваат двете витки и се вртат меѓу себе да се заврши, па се формираат хачапурите, се ставаат во плех на хартија. Во средината на секоја се става ¼ од месото и се ставаат да се печат на хартија во загреана рерна на 250 Ц. Откако ќе зарумени месото после 10 -15 минути, се додава изматено едно јајце на една пастрмајлија и се враќаат уште 5 минути да се допечат, убаво да зарумени тестото и јајцето да се запече. Се служат топли.

Наздравје!

Bobe’s bakery

 

 

Next Article:

0 %