ДесертиКолачи

Обланди – карамел

Обландите со карамел се совршени, особено за престојните празници, или, ако сакате ручекот со семејството да го завршите со вкусен десерт.

Потребни состојки:

Фил:

  • три јајца
  • 500 гр шеќер
  • 200 гр путер или маргарин
  • 200 гр грубо сечкани ореви/ лешници
  • 200 гр брусница или суво грозје
  • 300 гр мелени бисквити

Прелив:

  • 150 гр темно чоколадо
  • две лажици масло
  • два листа обланда

Подготовка:

Се топат 300 гр шеќер во карамела. Додадете путер или маргарин, а потоа промешајте додека не се растопи. Изматете ги јајцата и 200 гр шеќер со миксер, а потоа додадете ги во карамелата. Промешајте и варете околу 3-4 минути, додека јајцата не се загреат и зовријат. Тргнете го од оган, додајте ги оревите/лешниците, брусницата/грозјето и бисквитите, а потоа се добро промешајте за да се изедначи смесата. Оставете десетина минути смесата малку да се излади, потоа премачкајте ја обландата и ставете уште една врз филот. Оставете 30 минути смесата малку да се стврдне, потоа притиснете со нешто потешко и оставете ја преку ноќ.

За глазура растопете го чоколадото со маслото и прелијте ја обландата. Оставете да се стегне, а потоа исечете ги според желба./Б.Б.

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery

Next Article:

min read
0 %