Брз за подготовка, декоративен со златна боја, здрав и вкусен е намазот од целер.
Состојки за подготовка:
- поголем корен од целер
- јаболко
- 100 гр. путер
- две сварени жолчки
- 1/2 помал кромид изрендан на ситно ренде
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Целерот и јаболкото се лупат и се сечкаат на ситни коцки. Во тенџере се растопува путер, се додаваат целерот и јаболкото за на тивок огин да се динстаат додека да омекне целерот. Оладените целер и јаболко се ставаат во блендер, им се додаваат варените жолчки, како и ренданиот кромид, солта и биберот. Се блендира се заедно и со тоа завршува подготовката на намазот од целер. По подготовката, се става малку во ладилник па се служи.
Наздравје!