Овие кифли се меки како памук, а вкусот е неверојатен кога ќе се спојат млечниот вкус и потпечениот сусам.
Состојки:
- 1 кг. брашно
- 0,5 мл. млеко
- 2 јајца
- 150 мл. масло
- свеж квасец
- лажица шеќер/мед
- 250 гр. маргарин (омекнат на собна температура)
- 2 лажици сол
- јајце за премачкување
- 100 гр. сусам
Подготовка:
Во длабок сад се тура млако млеко, во него се става свежиот квасец, шеќерот/мед и лажица брашно, се меша и се остава да се активира квасецот 10 минути. Потоа во голем сад ставете го просеано брашното, додадете го активираниот квасец со млекото, јајцата, зејтинот,
и солта, па замесете убаво мазно и меко тесто кое
нема да се лепи за рацете. Покријте го со памучна крпа и оставете
го на топло место убаво да нарасне 40 минути.
На намастена површина извадете го тестото од садот и поделете го на 4
еднакви делови. Од секој дел посебно расукајте една округла кора со дијаметар 30 см. Кората намачкајте ја со омекнатиот маргарин. Сечете со
нож ( нож за пица) на 16 делови. Секој дел го засекувате малку во средината на широкиот дел и од таму почнувата да го виткате тестото, потоа ставајте ги во подмачкана тава.
Покријте ги повторно и оставете ги во тавата повторно убаво
да нараснат 20 минути. Нараснатите кифлички
намачкајте ги со изматено јајце и посипете
ги со сусам. Од оваа доза излегуваат две големи тави кифли.
Се печат 25 минути во загреана рерна на 220 Ц, додека заруменат.
Подолу може да го погледнете процесот на подготовка.
На здравје!