ДесертиКолач / Ролат

Мини штрудли со смокви

Највкусните мини штрудлички, ронливи, сочни и миризливи.

Bobe’s bakery

Состојки за тесто:

  • 450 гр. брашно
  • 200 гр. путер или маст
  • 200 гр. шеќер во прав /шеќер за посипување
  • две лажици мед
  • 1/2 прашок за пециво
  • прстофат сол
  • две јајца
  • два ванилини шеќера
  • рендана кора од лимон

Состојки за фил:

  • 250гр. суви смокви
  • варено јаболко
  • цимет по желба
  • 100 гр. ореви или бадеми сецкани
  • лажица рум
  • 1/2 лажица мускантно оревче

Подготовка тесто:

Во поголем сад измешајте путер, шеќер во прав, една лажица мед, малку сол, кора од лимон, ванилин шеќер и јајца. Додадете суви состојки, брашно и прашок за пециво. Замесете фино, мазно тесто. Поделете го тестото на пет дела и оставете го завиткано во фолија само малку да се одмори додека го подготвувате филот.

Подготовка фил:

Исечкајте и измешајте суви смокви, ореви или бадеми, варено јаболко, рум, мускантно оревче, цимет и лажица мед во мултипрактик.

Bobe’s bakery

Формирање ролати:

Најдобро е да земете едно поголемо парче прозирна растеглива фолија и да го посипете со малку брашно. Направете една ролна од тестото и истегнете ја со дебелина од 2 мм. Нанесете го филот по должина. Користете фолија, преклопете го тестото и свртете ја штрудлата така што преклопот ќе биде на долната страна.

Вака подготвените штрудли исечете ги на растојание од 5-6 см. Наредете ги едни до други на хартија за печење и печете на 190 ° околу десет минути. Кога малку ќе поруменат, извадете ги од рерна.

Кога ќе се оладат посипете ги со шеќер во прав и послужете.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Next Article:

0 %