ДесертиРецепти

Мини павлова – мали слатки задоволства

Уживајте во животот и во малите слатки задоволства.

Состојки:

  • 3 белки,
  • 240 грама шеќер,
  • лажичка оцет.

Фил:

  • 150 грама маскарпоне,
  • 100 грама шеќер во прав.

 

  • 150 грама капинки.
Подготовка:
Белки се матат со миксер – цврст снег, потоа без да се прекине матењето се додава постепено шеќер и на крај се додава едно мало лажиче оцет, не е важно каков, јас ставив јаболков, може и вински. Се полни шамот во торбичка од шприц и се формираат гнезденца во плех (обложен со хартија).
Се печат на 100 степени, во загреана рерна еден час без отварање, се исклучува рерната и не се отвараат уште 10 минути. Кога ќе се оладат се полнат со филот ( изматено маскарпоне со шеќерот во прав) и врз нив се става свежо овошје по желба.
Наздравје!

Next Article:

0 %