Меки, воздушести и сочни се мафините полнети со џем од јагоди. Овој рецепт е за подготовка на 12 мафини.
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 200 гр. шеќер
- 300 гр. брашно
- 1/2 Прашок за пециво
- пакување ванилин шеќер
- 150 мл. јогурт
- 50 мл. масло
- 30 гр. чоколадни топчиња
Полнеж и декорација:
- 150 гр џем од јагоди
- 200 мл слатка павлака изматена, половина се остава бела, а во другата половина се става зелена прехрамбена боја
- 30 гр. кокос
Подготовка:
Јајцата, шеќерот и ванилин шеќер се матат со миксер додека не станат пенливи. Мешајте додека шеќерот не се раствори и убаво не се измеша. Се додаваат јогуртот и маслото. Потоа постепено, лажица по лажица, додавајте го просеаното брашно со прашокот за печиво додека да мешате со маталка, уште малку додека смесата не се соедини и грутките не исчезнат.
Во намастени модли за мафини се полни од смесата, не се преполнуваат бидејќи раснат и одозгора се тураат чоколадните топчиња. Се печат петнаесет минути во загреана рерна на 220 Ц.
Кога ќе се оладат во средината на секоја се прави длабнатинка, која се полни со џем. Врз нив се става топка изматена слатка павлака, потоа топката шлаг се става во кокос, потоа со зелената боја со шприц се формираат елкички околу белата топка. За декорирање со ситни шарени ромки и топчиња, оставам на вашата креативност.
Наздравје!