ПијалоциРецепти

Ликер од јагоди

Интензивниот мирис и вкус на јагодите, му даваат на ликерот интересен и незаборавен шмек.

Потребни состојки:

  • 500 гр. јагоди сечкани
  • 250 гр. шеќер
  • 5-6 каранфилчиња
  • 0.5 л. вотка или ракија

Начин на подготовка:

Јагодите исчистени, исечкани се тураат во тегла, ред јагоди, ред шеќер. Се додаваат и каранфилчињата, па се полни теглата со вотка (ракија).

Се затвара теглата и се остава на сонце да стои три недели. Повремено се превртува теглата по неколку пати, да се растопи шеќерот. Кога ќе помине определеното време, се процедува ликерот преку газа и се полни во шише.

Наздравје!

Next Article:

0 %