ДекорацииДесерти

Лижавчиња слатки срца

Овие слатки срца се прават од само две состојки: шеќер и лимонов сок. Можете да ги направите за Денот на вљубените, но и за секој ден исполнет со љубов, како најубава енергија што ја познава животот.

Измешајте шеќер со сок од лимон и црвена прехрамбена боја во тава на силен оган. Откако смесата ќе се загрее и шеќерот ќе почне да се раствора, намалете ја топлината и варете ја содржината додека не порумени. Времето на термичка обработка на слатката маса зависи од нејзината количина – колку е поголема порцијата, толку подолго треба да се загрева. Истурете ја масата на масна хартија и оставете неколку минути да се здрви, потоа искршете ја на ситни делови.

Подгответе повторно од смесата по мала количина, сега не мора да ставате боја, оваа карамелна смеса ќе биде потребна да ги сврзе стаклените слатки парчињата и да го залепите стапчето. Во модла срце турете дел од парчињата па прелејте со топлата смеса, оставете да се олади. На мрсна хартија турете кругчиња од топлата карамела и вметнете ги стапчињата, веднаш врз секое стапче ставете срце. Оставете да се олади.

Подготовката на слатките срца може да ја погледнете на следново видео:

Next Article:

0 %