ПредјадењаРецептиСупи

Крем супа од печена тиква

Крем супата од печена тиква е идеално јадење за есенските денови, совршено за стоплување и задоволување на сетилата. Овој рецепт не само што е богат со витамини и нутриенти, туку и плени со својата богата арома и кремаста текстура.

Потребни состојки:

1,5 кг тиква,
6 лажици маслиново масло,
кромид,
3 лукчиња,
пиперка (зелена/црвена)
100 мл. кокосово млеко,
литар бујон од зеленчук/кокошка,
сол и бибер по желба,
½ лажиче куркума,
¼ лажиче кари,
3 парчиња двопек исечкан на коцки,
магдонос сечкан.

Подготовка:

Со нож за лупење (компири) сечеме 15 тенки и долги листови од тиквата. Ги пржиме, пред да ја сервираме крем супата, во загреано масло 3-4 минути да заруменат и ги ставаме на хартија да го впие маслото.
Останатата тиква ја сечеме на парчиња, ја редиме во тава со пиперката, кромидот и лукчињата, ги полеваме со 2 лажици маслиновото масло и ги ставаме да се печат 40 минути, во загреана рернана на 200Ц.

Во тенџере на масло, се пропржуваат куркумата и карито да пуштата аромати, на средна температура, потоа се додава литар бујон од зеленчук/кокошка и испасираниот печен зеленчук. Се вари пет минути, па се додава кокосовото млеко и се зачинува со сол и бибер по вкус. Се остава супата да се вари уште десетина минути, на средна температура.

Крем супата се сервира топла во длабок тањир, одозгора се украсува со крцкавите пржени ленти од тиква, неколку коцки двопек и се наросува со свеж магдонос.

Уживајте во златното време на тиквите!

Next Article:

0 %