Постојат десерти што не се само слатко задоволство, туку мала приказна што ја носи топлината на домот и елеганцијата на медитеранската трпеза.
Канолите се токму тоа – златни, крцкави школки исполнети со нежен, миризлив крем.

Состојки:
За кората:
- 250 грама брашно
- 30 грама шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 30 грама ладен путер (исечкан на мали коцки)
- 1 јајце + 1 жолчка
- 60 мл суво бело вино
- Масло за пржење
За филот:
- 400 грама добро исцедена урда
- 100 грама шеќер (или по вкус)
- 1 лажичка рендана портокалова кора
- 1 лажичка ванила екстракт
- 50 грама рендано чоколадо
- 50 грама сечкани фстаци
- шеќер во прав и малку цимет за посипување
Подготовка:Во голем сад измешај ги брашното, шеќерот и солта. Додај го ладниот
путер и втриј го со прсти во брашното додека смесата не стане песоклива. Убаво измешај ги јајцето, жолчката и виното, па замеси компактно тесто.
Завиткај го во фолија и остави го во фрижидер 30 минути.
Развлечи го тестото со сукало многу тенко (околу 2 мм) и исечи кругови. Секој круг завиткај го околу метална или дрвена цевка за каноли.
Во загреано масло на 170–180°C пржи ги цилиндрите 2–3 минути, додека не добијат златно-кафеава боја. Исцеди ги на хартиена салфета и остави ги да се изладат пред да ги извадиш цевките.
Фил: Измешај ја урдата со шеќерот, ванилата и ренданата портокалова кора. Остави ја смесата да се излади и стегне 30 минути во фрижидер.Полни ги изладените корички со филот со помош на кеса за декорација или лажица, од двете страни. Краевите со фил натопи ги од една стана во рендано чоколадо, од другата во фстаци. За најдобар вкус, полни ги
канолите непосредно пред сервирање за да останат крцкави.
Пред послужување, нежно посипи ги со шеќер во прав и малку цимет.
На здравје!











