Овој зелник со праз и урда е семеен рецепт, пренесен од генерација на генерација од баба ми и мајка ми. Кога ќе го подготвиш, секој залак носи носталгија и љубов, како потсетник на домашната топлина и традицијата. Крцкавите слоеви тесто, комбинирани со меката урда и ароматичниот праз, создаваат совршен баланс на вкусови, кој само во домашна кујна може да се почувствува на толку уникатен начин.
Овој зелник е повеќе од јадење – тоа е љубов која се дели со најблиските!
Состојки за тесто:
- 800 гр брашно
- пола коцка свеж квасец
- лажица шеќер
- лажица сол
- млака вода по потреба
- 250 гр маргарин/путер стопен за премачкување
Фил:
- 50 мл масло
- 3 праза сечкани
- 100 мл вода
- 500 гр урда
- 2 јајца
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Првин се подготвува филот. На масло во тава на оган се става исечканиот праз, се додава водата се затвара со капак и се остава 5 минути да омекне празот. Потоа се зачинува со сол и бибер по вкус и се трга од оган, се додава урдата и јајцата и се меша се заедно. Може да го видите начинот на подготовка на следново видео:
Тесто: Се замесува меко тесто со брашното, квасецот (активиран во млака вода и лажица шеќер), млака вода и сол. Се дели на 10 еднакви парчиња, од кои се формираат 10 топчиња. Се земаат 6 топчиња и секое се расукува како диск од 20 см, потоа секое се премачкува со растопен маргарин освен последната и се редат во тањир една врз друга, се покриваат со растеглива фолија и се оставаат во фрижидер 15 минути. По истата постапка се подготвуваат и останатите 4 топчиња. Откако ќе се извадат тестата од фрижидер, првин се расукува поголема кора од тестото со 6 топчиња, тоа ќе биде за долната кора. Се реди набрана на намастена тава, врз неа се става филот рамномерно насекаде и на крај се затвара со кората од 4 топчиња тесто, исто набрана, се зашвршува зелникот со правење витка од страна од долната и горната кора, за да не тече филот. Се пече 30 – 40 минути во загреана рерна на 220Ц.
Овој зелник со праз и урда не е само вкусно јадење, туку и симбол на љубовта и традицијата што се пренесува низ генерациите. Со крцкавото тесто и богатото филување, тој создава топлина и задоволство за сите сетила, правејќи го секој оброк посебен и исполнет со домашен шарм.
На здравје!