Лесен, здрав и вкусен вегетаријански рецепт
🌿 Веќе барате нов, евтин и хранлив оброк без месо? Овие ќофтиња од црвена леќа ќе ве освојат со едноставноста и вкусот! Совршени за ручек или вечера – подготвени со неколку состојки и многу љубов 💚 👇
🔸 Состојки:
- 200 гр. црвена леќа
- 400 мл. вода
- 2 јајца
- 2-3 чешниња лук (ситно сечкан или рендан)
- 50 гр. презла (по потреба – за врзување)
- 2-3 лажици свеж магдонос
- Сол и бибер по вкус
- масло за пржење
🔹 Подготовка: Се вари леќата – Измијте ја и варете ја со 200 мл. вода околу 10-15 минути, додека омекне и впие течноста. Оставете да се исцеди и олади. Се прави смесата – измешајте ја леќата со јајцата, лукот, магдоносот, презлата и зачините. Смесата треба да биде лесна за обликување. Се формираат ќофтињата – со влажни раце обликувајте кружни или сплескани ќофтиња по ваша мера. ( погледнете видео подолу)
Готвење по избор:
👉 Пржење – во тава со малку масло, по 2-3 минути од секоја страна додека добијат златна кора.
👉 Печење – наредете ги на хартија за печење, попрскајте со малку масло и печете ги на 200°C околу 20 минути. На половина време, превртете ги.
📝 Совети за уште поубав резултат:
Ако смесата е премногу мека, додадете уште малку презла. За дополнителен вкус, пробајте да додадете малку мелен ким. Ако сакате крцкава верзија – изберете пржење. За поздрава – печење! Одлични се со чаша јогурт, свежа салата или некој домашен сос. Може да се јадат топли или ладни – исто се вкусни!
🫕Идеја за сос:
Измешајте јогурт со лажичка сенф, малку лук и лимон – брз и кремаст сос што идеално оди со ќофтињата!
На здравје!
https://www.youtube.com/shorts/-QaI_O1ZFZU