Kрцкав и сочен бурек, лесен и брз за подготовка со готови кори.
Состојки:
- 500 гр. готови кори
- 400 гр. мелено месо
- две главици кромид
- бибер
- сол по желба
- 120 мл. кисела вода измешана со 80 мл. масло.
Подготовка:
Кромидот се пропржува на масло додека не стане стаклест. Се додаваат месото и зачините, се промешува и остава да се пржи на тивок оган десетина минути. Во тепсија премачкана со масло се ставаат првите две кори со краеви што излегуваат од тавчето, за со нив да го затвориме бурекот. Редиме три стуткани кори, попрскуваме, ставаме третина од месото потоа повторно уште три кори, попрскуваме, ставаме од филот со месо и се така додека не се потрошат корите. Со краевите од првите две кори затворете го бурекот се пече четериесет минути, на температура од 210 Ц.
Добар апетит!/Б.Б.
На следново видео може да проследите како се подготвува.