ДесертиКолачиРецепти

Бомбици без шеќер

Ако Ви падне шеќерот, еве бомбици најбрзото што се подготвуват, а без шеќер. Кога ќе се вкусат се доживува експлозија на вкусови. Чоколадо, ореви и портокал се добитна комбинација.
Состојки:
  • 100 гр. ореви
  • 50 гр. бисквити
  • 10 урми свежи
  • 100 гр. темно чоколадо
  • сок од цеден портокал
  • 10 гр. кандирана кора од портокал/ рендана кора од портокал

За валкање:

  • 50 гр. кокос

Подготовка: Во блендер се ставаат, оревите и бисквитите, кога ќе се смелат се додаваат урмите, исчистени од коски. Кога ќе се соедини се заедно, им се додава сок од цеден портокал, чоколадо стопено и  кора од портокал. Се обликуваа во догнавеста форма, па се валкаат во кокос.
Одозгора ги декорирав со исечкани неколку ролнички од кандирани кори од портокал.
Наздравје!
Next Article:

0 %