Замислете го вашиот прв залак од “Бајадера Деликатес” како патување низ вкусовите – првин ќе го почувствувате свиленкастиот вкус на темното чоколадо со кое е прекриена бајадерата, кој ќе се спои со интензивноста на белото и темното чоколадо со првиот загриз. Продолжете со уште еден залак и ќе ги истражите сите нијанси на ова вкусно ремек-дело, каде секој слој е откритие. Посебно комбинацијата од мелените лешници и бисквити, што ќе ви донесат текстурно уживање кое завршува со магични вкусови и ароми.
Состојки:
- 140 грама путер
- 200 мл. вода
- 240 гр. шеќер
- 100 гр. темно чоколадо
- 100 гр. бело чоколадо
- 400 гр. мелени лешници/бадеми може и половина да се сечкани за да има структура,
- 400 гр. мелени бисквити
- 200 гр. темно чоколадо за прелив
Подготовка:Бајадерата ја подготвувам во две тенџериња одеднаш, во едното белата смеса, во другото чоколадната смеса:
- Бела смеса: 70 гр. путер, 100 мл. вода и 120 гр. шеќер да зоврие, се се трга од оган, па се додава 100 гр. бело чоколадо со мешање додека да се стопи чоколадото. Потоа се додаваат 200 гр. мелените лешници/бадеми и 200 гр. мелени бисквити.
- Чоколадна смеса: 70 гр. путер, 100 мл. вода и 120 гр. шеќер да зоврие, се намалува температурата па се додава 100 гр. темно чоколадо со мешање додека да се стопи чоколадото. Потоа се додаваат 200 гр. мелените лешници/бадеми и 200 гр. мелени бисквити.
Кога се подготвени двете смеси, во правоаголен калап или тава се става прво чоколадната смеса, па врз неа се става белата смеса и се става во фрижидер да се лади 2 часа. Оладената смеса се прелева со стопено 200 гр. темно чоколадо на пареа. Се остава уште половина час да се здрви чоколадото, потоа се сечат форми по желба, јас ги сечам правоаголни.
Бајадера Деликатес: “Вкусно кулинарско патување низ софистицирани вкусови и ароми”.