ДесертиКолач / Ролат

Тикварник – сочен, воздушест и миризлив

Постојат голем број рецепти за подготовка на торта со тиква, позната и како тикварник. Ви го претставуваме нашиот, едноставен и лесен традиционален рецепт за тикварник, со наши додатоци со кој ќе добиете необичен вкусен десерт.

Потребни состојки:

  • Кило варена и пасирана тиква,
  • три јајца,
  • 150 гр. шеќер,
  • 40 мл. масло,
  • ½ лажичка прашок за печење,
  • кесичка ванилин шеќер,
  • лажица брашно,
  • ½ лажичка цимет,
  • ¼ лажичка мускатно оревче,
  • ¼ мелено каранфилче,
  • млеко по потреба.

Намаз:

  • 100 гр. крем сирење,
  • 50 гр. шеќер во прав,
  • две лажици варена тиква,

Сите состојки од намазот се матат со миксер.

  • 150 мл. слатка павлака изматена  да се декорира тикварникот.

Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, им се додава тиквата и маслото и се матат до изедначување на смесата. Кога се убаво соединети, се додава прашокот за печење, циметот, мускантното оревче, каранфилчето и брашното и се мешаат со лажица. Смесата се става во намастено тавче и се пече дваесетина минути во рерна загреана на 220 степени.
Оладеното тесто се премачкува со тенок слој од намазот. Врз него се става изматена слатка павлака.

Наздравје!/Б.Б.

 

 

Leave a reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Next Article:

0 %