ДесертиКолач / Ролат

Солен карамел чизкејк

Комбинацијата од кремаст чизкејк, крцкава бисквитна подлога и богат солен карамел создава десерт што освојува уште со првиот залак. Овој солен карамел чизкејк е совршен баланс меѓу слатко и солено, идеален за посебни пригоди или кога сакате да се почестите со вистински гурмански десерт.

Состојки:

Бисквитна подлога:

  • 350 грама бисквити
  • 150 грама несолен путер, растопен

Чизкејк фил:

  • 750 грама крем сирење, омекнато на собна температура
  • 250 грама бел шеќер
  • 250 грама грчки јогурт, на собна температура
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 4 јајца, на собна температура

Солен карамел:

  • 150 грама бел шеќер
  • 150 грама слатка павлака, на собна температура
  • 60 грама несолен путер, на собна температура
  • ½ лажичка сол

Начин на подготовка:

Дното на калап со пречник од 23 см обложете го со хартија за печење. Бисквитите ситно издробете ги (со оклагија или во процесор за храна) и префрлете ги во длабок сад. Додајте го растопениот путер и мешајте додека смесата не наликува на влажен песок. Смесата рамномерно распоредете ја во калапот, притискајќи цврсто на дното и по страните (до околу ¾ од висината). Ставете ја подлогата во фрижидер додека го подготвувате филот.

  • Чизкејк

Загрејте ја рерната на 165°C. На најдолната решетка ставете празен плех, кој подоцна ќе служи за водена бања. Зовријте вода. Во голем сад измешајте ги крем сирењето, шеќерот, грчкиот јогурт, ванилата и циметот со миксер на мала брзина, сè додека не добиете мазна и кремаста смеса без грутки. Додавајте ги јајцата едно по едно, мешајќи на тивка брзина по секое додавање, додека не добиете сјајна и густа, но течлива смеса. Истурете го филот врз изладената подлога. Во плехот на дното од рерната истурете околу 2–3 см врела вода. Печете го чизкејкот 60–65 минути, сè додека рабовите не бидат цврсти, а средината благо да се ниша при движење. Оставете го да се лади на собна температура 1–2 часа, а потоа ставете го во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ за целосно да се стегне.

  • Солен карамел

Во мал сад на средна температура растопете го шеќерот додека не добие килибарна боја. Полека додајте ја слатката павлака со постојано мешање (смесата ќе запени). Доколку карамелот се стврдне, продолжете со загревање и мешање додека повторно не се изедначи. Тргнете од оган и додавајте го путерот коцка по коцка, мешајќи додека целосно не се соедини. На крај додајте ја солта. Оставете го карамелот да се излади.

  • Сервирање

Со нож или шпатула одвојте го чизкејкот од страните на калапот и внимателно извадете го. Пред сервирање, прелијте го чизкејкот со солениот карамел или сервирајте го карамелот врз секое парче поединечно.

На здравје!

Десерти

Ролат со афион (мак)

Мекото, миризливо тесто и богат, кремаст фил од афион (мак) создаваат совршена рамнотежа меѓу нежност ...

You may also like

Десерти

Кантучи

Во светот на слатките задоволства, некои рецепти не се само десерт – тие се доживување, ...