МезињаПредјадењаРецепти

Рози од модар патлиџан

Највкусно и декоративно мезе, лесно и брзо за подготовка.

Потребни состојки:

  • модар патлиџан,
  • 300 гр. кисела павлака,
  • 2-3 лукчиња,
  • неколку гранчиња магдонос исечкани,
  • микс од семиња.

 

Фил:
Во длабок сад се мешаат павлаката, лукчето низ преса поминато, магдоносот, сол и бибер по вкус.

👩🏼‍🍳Подготовка:
Модриот патлиџан се сече на листови по должина, потоа на малку масло, се пржат да омекнат од двете страни. Оладени листовите модар патлиџан се посолуваат и се филуваат. На почетокот од листот се става лажица фил, потоа се ролова. Врз нив се наросува микс од семиња.
Наздравје!

 

Дали ви се допаѓа рецептот?

Ми се допаѓа
3
Не ми се допаѓа
0

Leave a reply

Your email address will not be published.

Next Article:

0 %