Главни јадења

Ориз со лимон🍋

Ова јадење се подготвува за 15 минути, прекрасните сокови од лимонот и лукчето му даваат прекрасен вкус на оризот.

Состојки:

  • 300 грама ориз
  • лимон
  • сок од лимон и малку рендана кора од лимон
  • 300 грама спанаќ
  • пола китка магдонос
  • 3-4 лукчиња
  • маслиново масло, зачинал

Подготовка: Во длабока тава се пропржува лукчето на маслиново масло, се додава зачинал две лажици, па се додава оризот. Се меша се заедно па се додава спанаќот, ренданата кора од лимон и магдоносот. Се полева со сокот од лимон и литар топла вода, се меша се заедно па врз него се редат сечканите листови лимон, се става капак на тавата и се остава на средна температура 15 минути да крчка.

Се служи топол оризот, врз него може да се изренда пармезан и се наросува со сечкан магдонос.

Next Article:

0 %