НамазиПредјадења

Намаз од целер

Брз за подготовка, декоративен со златна боја, здрав и вкусен е намазот од целер.

Bobe’s bakery

Состојки за подготовка:

  • поголем корен од целер
  • јаболко
  • 100 гр. путер
  • две сварени жолчки
  • 1/2 помал кромид изрендан на ситно ренде
  • сол и бибер по вкус

Bobe’s bakery

Подготовка:

Целерот и јаболкото се лупат и се сечкаат на ситни коцки. Во тенџере се растопува путер, се додаваат целерот и јаболкото за на тивок огин да се динстаат додека да омекне целерот. Оладените целер и јаболко се ставаат во блендер, им се додаваат варените жолчки, како и ренданиот кромид, солта и биберот. Се блендира се заедно и со тоа завршува подготовката на намазот од целер. По подготовката, се става малку во ладилник па се служи.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

Дали ви се допаѓа рецептот?

Ми се допаѓа
2
Не ми се допаѓа
0

Leave a reply

Your email address will not be published.

Next Article:

0 %