Тестенини

Лазања болоњезе – сочна и крцкава

Потребните состојки:
– 500 гр. Лазањи,
– 200 гр. Рендана моцарела или кашкавал.

Фил:
– 400 гр. мелено јунешко месо,
– 250 гр. доматен сос🍅,
– 3-4 чешниња лук,
– 3-4 Дафинов лист,
– пакување сув болоњезе сос,
– сол и бибер по вкус.

Бешамел сос:
– 50 гр. путер,
– 50 гр. брашно,
– 500 мл. млеко,
– 1/4 лажичка сол,
– 1/2 лажичка босилок сув.

Подготовка:

– Болоњезе
Во тава на масло се става месото, се пропржува кратко, му се додават лукчињата, дафиновиот лист и болоњезе сосот растворен во 200 мл. вода. Се покрива со капак и се остава месото да се издинста на средна температура 15 минути.
Потоа се зголемува температурата и му се додава доматниот сос и да покрчка уште 10 минути. Се зачинува со сол и бибер по вкус.

– Бешамел
Во тава на оган се става путерот да се стопи, се тура брашното, солта и босилекот. Се меша додека се спои брашното со путерот, да се внимава да не ја смени бојата, треба да е бело. Па се додава постепено млекото со мешање, да стане хомогено, не многу густо. Треба доволно течност за да се сварат лазањите.

 

– Лазањата
Во тава премачкана со путер, се става малку бешамел сос, па се редат лазањите (претходно секоја потопена во бешамел сосот, да не се суви за да се сварат по лесно).
Над нив се тура дел од болоњезе сосот, па се додава рендана моцарела. Врз ова се повторува постапката со лазањите и се по ред, додека не се потрошат лазањите и филот. Се завршува со ред лазањи и врз нив се тура целиот бешамел што е останат и рендана моцарела.
Се печат во загреана рерна 20 минути на 220Ц, да заруменат корите.
Наздравје!/Б.Б.

 

Дали ви се допаѓа рецептот?

Ми се допаѓа
4
Не ми се допаѓа
0

Leave a reply

Your email address will not be published.

Next Article:

0 %