Крем супата од печена тиква е идеално јадење за есенските денови, совршено за стоплување и задоволување на сетилата. Овој рецепт не само што е богат со витамини и нутриенти, туку и плени со својата богата арома и кремаста текстура.
Потребни состојки:
Подготовка:
• Во тенџере на масло, се пропржуваат куркумата и карито да пуштата аромати, на средна температура, потоа се додава литар бујон од зеленчук/кокошка и испасираниот печен зеленчук. Се вари пет минути, па се додава кокосовото млеко и се зачинува со сол и бибер по вкус. Се остава супата да се вари уште десетина минути, на средна температура.
Крем супата се сервира топла во длабок тањир, одозгора се украсува со крцкавите пржени ленти од тиква, неколку коцки двопек и се наросува со свеж магдонос.
Уживајте во златното време на тиквите!