Печива

Гибаница – гужвана

Воздушеста, растресита и крцкава, ниту малку згмечена или мрсна, е мојата омилена гибаница – згужвана по едноставен, старомоден рецепт. Често ја подготвувам за појадок или вечера, со неодолив мирис што доаѓа од кујната.

Потребни состојки:

  • 500 грама дебели кори за пита
  • 3 јајца
  • 200 мл кисела вода
  • 200 мл млеко/јогурт
  • 30 мл масло
  • 200 грама крем сирење
  • 300 грама полномасно бело сирење (издробено)
  • 1/2 прашак за печиво

Подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата, потоа додадете ги киселата вода, млекото и маслото. Изматете се па додадете го крем сирењето, издробеното белото сирење и прашакот за печиво.

Земете една кора и ставете ја да се наводени од смесата, ставете ја најдолу на плехот кој е премачкан со масло, потоа земете кора и повторно во смесата со благо гужвање, да се наводени и како топка се реди врз кората. Гужваните топки се редат една до друга, треба да се внимава да не се гужваат премногу, треба да има воздух низ нив, за да не се збиени.

Се пече на 200 степени, во загреана рерна 30 минути, готова е кога ќе зарумени и кога неодоливо ќе замириса.

Наздравје!

Next Article:

0 %