За денеска една вртена тегната пита со праз, урда и јајца.
Потребни состојки:
ТЕСТО
- 500 грама брашно,
- лажиче сол,
- 2 големи лажици масло,
- лажиче оцет,
- Млака вода по потреба.
ФИЛ
- 4 праза исечкани,
- 400 грама Урда солена,
- 2 јајца,
- Масло за готвење
- Сол и Бибер по желба.
Начин на подготовка:
- ФИЛ
Во подмачкана тава на умерена температура се пржи празот, се додава сол и бибер по вкус.
Потоа се додава урдата и јајцата. Се пржи уште 5 минути, да се сврзат состојките. Се трга од огнот да се олади.
- ТЕСТО
Се замесува тесто со млака вода, се дели на пет топчиња, се покриваат со растеглива фолија и се оставаат 15 минути да одмори тестото. На маса постилам чаршав, земам едно топче тесто, со намастени раце без месење го растегам тестото и го ставам на чаршавот. Се растегаат краевите од тестото, што повеќе може. Се попрскува кората со масло, па со фил. Потоа со помош на чаршавот го роловам тестото до пола од едната страна, па од другата страна на кората. Така се формираат две витки кои ги виткам во круг. На намастени тава го ставам виткалникот. Продолжувам со истата постапка со секое топче тесто.
Се пече 20 минути, во загреана рерна на 220 степени, додека да зарумени.
Наздравје! /М.М.
На следново видео може да го видите начинот на подготовка: